За време на дербито Арсенал – Ливерпул, навивач на Топчиите убил фан на Манчестер јунајтед

Премиерлигашкото дерби меѓу Арсенал и Ливерпул заврши нерешено, без победник, а по овој исход најлошо помина еден навивач на Манчестер јунајтед. Арсенал двапати имаше водство, но Ливерпул израмнуваше и на крајот заврши 2:2.

Мохамед Салах погоди во 81-вата минута за 2:2, а овој погодок на египетскиот голгетер освен фановите на Ливерпул, ги израдува и оние на Манчестер јунајтед.

Навивачот на Манчестер јунајтед од Уганда, Бенџамин Окело, го гледал дербито на јавно место, а по постигнувањето на голот на Салах, 22-годишниот фан на Црвените ѓаволи почнал да фрла пуканки кон симпатизерите на Арсенал.

Започнал конфликт, а Окело бил удрен со тврд предмет по главата, по што паднал на земја. Повредите биле толку сериозни што лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

- Оглас -

Најнови вести