Меси не сака да биде тренер после завршување на кариерата, но не знае ни дали ќе игра на СП 2026

Најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, имаше големо интервју со најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, во кое откри дека нема намера да биде тренер кога ќе ја заврши кариерата.

„Не сакам да бидам тренер, но се уште не знам што би сакал да работам во иднина. Сега многу повеќе го ценам она што го правам секојдневно и во моментов размислувам само за играње фудбал и тренинзите.“ – рече Меси.

Ако планот му е да игра фудбал, тогаш логично се поставува прашањето дали Лионел Меси ќе настапи на Светското првенство во 2026-тата.

„Искрено не знам. Тоа прашање често го добивам, посебно во Аргентина. Се надевам дека добро ќе ја завршам сезонава, а потоа со добри подготовки, нешто го немавме минатата сезона поради долгите патувања. Дури после тоа ќе одлучам откако ќе видам како ќе се чувствувам. Има уште многу време до тогаш и во моментов не размислувам премногу за тоа. Живеам ден за ден, без многу размислување за иднината.“ – додава аргентинецот.

- Оглас -

Најнови вести