Реал Мадрид е подготвен скапо да плати за фудбалер на Челзи, но можна е и голема трампа

Реал Мадрид подготвува голем трансфер за зимскиот преоден рок, а можна е и трампа. Карло Анчелоти во својата екипа сака да го донесе фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандес, а раководството на „кралевите“ е подготвено да плати дури 95 милиони евра за аргентинецот.

Сепак, Флорентино Перес ќе понуди и трампа и тоа во спротивен правец да замине Орелјан Чуамени, но без доплата. Расположение за продажба има и во редовите на Челзи, каде има премногу фудбалери, па сакаат да се ослободат од дел од нив, а еден секако е Енцо Фернандес кој не е во преден план кај Мареска.

Инсистирањето на Анчелоти е трансферот да се реализира уште во јануари.

- Оглас -

Најнови вести