Нејмар: „Прекинете со лагите, ова е непочитување!“

Бразилскиот интернационалец, Нејмар, после една година се врати на фудбалските терени, откако заздраве од тешката повреда на коленото и веднаш е во центарот на вниманието на фудбалската јавност во Саудиска Арабија.

Медиумите во оваа земја излегоа со тврдење дека бразилецот се степал во тренерот на Ал-Хилал, Жорге Жезус, но и дека барал од раководството на клубот негова смена. Сепак, Нејмар ги демантираше овие пишувања.

„Лаги. Мора да престанете да верувате во вакви работи кои ги пишуваат овие медиуми. Имате милиони следачи и повторно продолжувате да пишувате лажни вести. Со цела почит барам од вас да прекинете со овие работи. Ова е непочитување.“ – рече Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести