Само пет гола беа постигнати на петте пладневни натпревари од Првата фудбалска лига на Македонија, после кои нема поголеми промени на врвот од табелата. Она што е за истакнување, ниту една домашна екипа не успеа да победи.
Во дербито на колото, Работнички и Шкендија одиграа нерешено, 0-0, па „романтичарите“ остануваат лидери со бод повеќе од Шкендија, Силекс и Гостивар. Значајна победа забележаа фудбалерите на Силекс, кои со 0-1 славеа во Струмица против Брера, а со истиот резултат победи и Гостивар кај Шкупи.
Актуелниот шампион, Струга, со прсврт победи кај Беса со 1-2, додека вториот меч на кој немаше голови попладнево се одигра во Охрид, каде Воска и Тиквеш одиграа 0-0.
Колото го затвораат вечните македонски ривали, Пелистер и Вардар, со дуел кој ќе започне во 19 часот.
Резултати:
Брера – Силекс 0-1
Беса – Струга 1-2
Работнички – Шкендија 0-0
Шкупи – Гостивар 0-1
Воска – Тиквеш 0-0
Табела: 1. Работнички 25, 2. Шкендија 24, 3. Силекс 24, 4. Гостивар 24, 5. Струга 22 …