Данди јунајтед ремизираше 1-1 на гостувањето кај Хибернијан во натпревар од шкотската Премиер лига на кој Давид Бабунски одигра цел меч, а Кристијан Трапановски се повреди.
Трапановски влезе во игра на стартот на второто полувреме, но само 12 минути подоцна се повреди и мораше да биде повлечен од игра.
Данди јунајтед беше фаворит со оглед на тоа дека Хибернијан е последен на табелата, но Бабунски и другарите во 90-та минута со гол од пенал се спасија од пораз.