Борусија Дортмунд со гол на Дони Мален во 85-тата минута дојде до победа од 1-0 над Штурм, а за тоа што погодокот не беше поништен, треба да му се заблагодарат на играч на австрискиот тим чиј задник беше така поставен за да нема офсајд-позиција во една ситуација на неколку секунди пред голот.
Оваа слика предизвика многу шеговити коментари по социјалните мрежи од типот дека не е добро премногу да го вежбате задниот дел од телото бидејќи тоа може да ви направи проблем ако играте фудбал.