Реал Мадрид и втор натпревар по ред доживеа дебакл на домашен терен, па откако загуби од Барселона со 0-4, од „Сантијаго Бернабеу“ со целиот плен си замина и екипата на Милан (1-3).
Навивачите уште по првиот дел започнаа со свирежи за фудбалерите на Реал Мадрид, а тие се засилија во второто полувреме, а кулминацијата беше по последниот свиреж на судијата.
Sвездите на Кралевите веднаш го напуштија тревникот и заминаа во соблекувалните, а единствено Антонио Ридигер остана да им се извини на навивачите кои жестоко ги исвиркаа своите миленици.
Rüdiger was the only starter to apologise to the fans after the game.
pic.twitter.com/IulqWL025y— Running Rüdiger (@RudigerRunning) November 5, 2024