Фудбалерките се „распукаа“, постигнаа 63 гола на седум натпревари во Купот на Македонија (Фото+Видео)

За разлика од скандалот во женскиот ракометен Куп на Македонија, фудбалерките чесно си ја одработија задачата на натпреварите од осминафиналето од женскиот фудбалски Куп на Македонија, иако на два натпревари беа постигнати неверојатни резултати од по 21:0, но со оглед на квалитетот на екипите, резултатите се очекувани.

На седумте меча кои се одиграа попладнево беа постигнати дури 63 гола, или во просек по девет гола на натпревар.

Актуелниот шампион на Македонија и бранител на трофејот од Куп, Љуботен, со убедливи 21:0 победи против второлигашот Порече од Македонски Брод, а головите беа дело на 12 различни фудбалерки.

Со истиот резултат, 21:0 победи и струмичката Тиверија против поранешниот шампион на Македонија, Билјанини Извори од Охрид, екипа која во моментов се натпреварува во второлигашкото друштво.

Иако ова не се највисоките резултати во историјата на македонскиот фудбал, сепак со сигурно се вбројуваат меѓу најубедливите победи на домашна сцена. Единствен второлигаш во четвртфиналето ќе биде скопскиот Вардар, кој без игра го доби мечот против Борец откако екипата од Велес со писмо и навреме се откажа од настап во натпреварувањето.

Резултати:

Скопје – Топ Гол 2-0
Вардар – Борец неодиграно
Љуботен – Порече 21-0
Ас Јунајтед – Победа Валандово 7-0
Каменица Саса – Речица 6-0
Атлетико – Кочани 2-0
Истатов – Плачковица 4-0
Тиверија – Билјанини Извори 21-0

- Оглас -

Најнови вести