Конечно убава вест и за Реал, Давид Алаба блиску до враќање на теренот

По серијата лоши вести и повреди во Реал Мадрид, клубот конечно има причина за радост бидејќи Давид Алаба се приближува до своето враќање на теренот. Ова стана јасно од видео објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како Австриецот интензивно тренира со топка на терените во базата „Валдебебас”.

Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен ги скина предните вкрстени лигаменти минатата година и се очекуваше да биде подготвен за летните подготовки, но неговото закрепнување не помина според планот и беше забавено.

Добрата вест е дека тој сега напредува брзо и се очекува во наредните две недели да добие дозвола да се врати на тренинзи со главната група на тимот. Ова е одлична вест за Карло Анчелоти, кој се соочува со сериозни проблеми во одбраната по сериозните повреди на Едер Милитао и на Дани Карвахал.

- Оглас -

Најнови вести