Мајк Тајсон реши на 58 години да се врати на професионалниот бокс и загуби. Со одлука на судиите, легендарниот некогашен светски шампион, загуби од 31 година помладиот Џејк Пол.
Во текот на целата борба која траеше осум рунди, Пол беше подобар, доминираше, со што јасно се покажа дека разликата во години е клучот за успех. Сепак, Тајсон посебно во првите две рунди додека имаше повеќе кондиција, покажа зошто пред пречиси 40 години стана најмладиот светски првак во тешка категорија. Тој уште е рекордер како најмлад боксерски шампион.
За спектаклот кој во живо на стадионот „Ат&Т“ го гледаа повеќе од 80.000 луѓе на стадионот и многу милиони преку Тв екраните, Тајсон ќе заработи 20 милиони долари, додека за победникот Пол ќе следуваат двојно повеќе, односно 40 милиони долари.
Jake Paul and Mike Tyson at the end of 8 rounds. #PaulTyson pic.twitter.com/YFdcUrkPZk
— Netflix (@netflix) November 16, 2024
Тајсон во кариерата од боксот има заработено околу 430 милиони долари. Најпрофитабилна борба му беше таа против Ленокс Луис во 2002 година, кога заработи преку 103 милиони долари. Повеќе од 20 милиони долари за борба, според Форбс, Тајсон заработил и на уште четири други борби во кариерата.
За Пол ова беше 11 борба во кариерата и стигна до 10 победа, а според Форбс, досега од боксот има заработено околку 150 милиони долари. Иако победи, Пол на неколку секунди пред да заврши мечот, застана и се поклони пред Челичниот Мајк.