Тејлор Фриц е прв финалист на завршниот Мастерс кој се игра во Торино. Тој стана првиот тенисер од САД по Џејмс Блејк од 2006 година, кој стигнал до финалето на турнирот на најдобрите осуммина на светот во годината.
Во денешното прво полуфинале, Фриц го совлада вториот носител Александер Зверев со 6-3, 3-6, 7-6. Фриц има четири победи по ред во дуелите со рускиот Германец.
Во финалето, Фриц ќе игра со првиот фаворит Јаник Синер, или Каспер Руд. Италијанецот и Норвежанецот вечерва ќе се борат за место во мечот за титула.