Португалија вечерва гостува на „Пољуд“ во Сплит против Хрватска во меч кој нема големо значење затоа што Португалците сигурно се први во групата, додека за Коцкестите е загарантирано второто место.
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, реши во Сплит да отпатува без неколку стандардни првотимци, а меѓу нив е и капитенот Кристијано Роналдо. Овие неколку слободни денови, Роналдо ги користи да „одмори“ од фудбалот и да се фокусира на неговата нова обврска, а тоа е јутјуб каналот кој го креираше од неодамна.
Роналдо стана јутјубер и има свој поткаст на кој во последната емисија гостин беше неговиот некогашен соиграч од Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд. Кристијано сега се подговтува за новата емисија, а Португалецот најави дека тоа ќе биде вистинско шоу и дека ќе привлече внимание во целиот свет.
„Мојот следен гостин на You Tube ќе го сруши интернетот“, порача Роналдо без да открие за кого се работи.
Според некои најави и погодувања, можно е да се случи Лионел Меси да биде следниот гостин во поткастот на Роналдо.