Седумкратниот шампион на Франција, Лион, се наоѓа во тешка финансиска состојба откако властите открија дека клубот должи дури 508 милиони евра, па сега му се заканува исфрлање од Лига 1 доколку не успеат да ги средат долговите.
Сопственикот на клубот, Џон Текстор, има и 45% од акциите на премиерлигашот Кристал палас, но е и мнозински сопственик на бразилскиот Ботафого, па зимава ќе мора да ги продава главните ѕвезда за да го намали долгот на Лион.
„Во финансиската агенција има интелигентни луѓе, но работат по систем кој не им дава да видат што всушност правиме. Се изгубија гледајќи ги нашите финансиски извештаи. Нема да бидеме исфрлени. Нема шанси тоа да се случи. Кажете му на целиот свет дека Лион нема да биде исфрлен“, вели Текстор за француските медиуми.