Кошаркарските репрезентации на Македонија и Литванија досега имаат одиграно два официјални меѓусебни дуели, вечерва од 18 часот во Скопје ќе биде третиот, а интересно е дека на првите две пресметки со тимот од Балтикот, нашиот национален тим постигна по 67 поени.
На Евробаскетот во Литванија во 2011 година, во четвртфиналето, тие 67 поени ни беа доволни за незаборавна победа на нивен терен, триумф кој е историски за македонската кошарка и спорт воопшто, а две години подоцна, во групната фаза на ЕП во Словенија, Литванија ја совлада Македонија со 75-67, па билансот во меѓусебните дуели е 1-1.
Овојпат се среќаваме во меч од квалификации за ЕП, а ако верувате дека македонскиот тим повторно ќе даде 67 поени, треба да уплатите во Sport Life, каде што квотата дека ќе ја надминеме границата од 63 поени е 1.84.
Во дресот на Македонија вечерва ќе настапат: Стојан Ѓуровски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Лејсон Зеќири, Страхил Николов, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ и Кристијан Николов.
Браќата Стојановски играа против Литванија и во 2011 и во 2013 година, а Ѓуроски беше во составот, но не влезе во игра во 2013 година.