Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е на излезна врата од Јувентус и зимава ќе биде продаден. Интерес за него има од Манчестер јунајтед, Арсенал и Барселона, а неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата.
Тијаго Мота сакаше на негово место да го ангажира Џошуа Циркзе од Манчестер јунајтед, со кого соработуваа во Болоња, но фудбалерот одлучи да остане во Англија и да не се враќа во Италија, но Старата дама има резервен план, кој е пред реализација.
Веќе во завршна фаза се преговорите со Лоренцо Лука, напаѓачот на Удинезе, чија вредност во моментов изнесува 18 милиони евра, а оваа сезона игра во фантастична форма и наскоро се очекува неговото пристигнување во Торино.