Навивачите на Барселона со свирежи го поздравија Де Јонг и му порачаа дека е време да си оди од клубот

Барселона со убедливи 3-0 славеше над Брест во Лигата на шампионите, а во 88-мата минута во игра влезе холандскиот интернационалец Френки де Јонг. Тој со свирежи од гледачите на „Монжуик“ беше поздравен при неговото влегување во игра, но и секојпат кога топката беше во негови нозе.

Навивачите јасно му порачаа дека не го сакаат во нивната екипа, а лути му се и поради слабата игра против Селта Виго, кога Барселона прокоцка предност од два гола разлика и на крајот одигра само нерешено.

Де Јонг во Каталонија пристигна во 2019 година речиси за 80 милиони евра, но според раководството, не ги оправда очекувањата. Барселона постојано се обидува да се ослободи од него и да го продаде, но тој одбива да си замине. Актуелниот договор му е со важност до 2026 година, па речиси сигурно ќе биде продаден налето со цел Каталонците колку-толку да вратат барем дел од парите што ги вложија во него.

- Оглас -

Најнови вести