Италијански кошаркар обвинува: „Мојот и случајот на Синер се исти, но јас сум суспендиран, а тој не“

Италијанскиот кошаркар Рикардо Мораскини ја изненади јавноста со обвинувањата упатени кон Светската антидопинг-агенција, ВАДА, за која вели дека има двојни аршини бидејќи за ист случај и за истата супстанца, клостебол, го суспендирала на една година, а неговиот сонародник Јаник Синер го ослободила од обвиненијата.

„Двата случаи се исто. Многу мала количина поврзана со надворешна контаминација. Двајцата не сме знаеле дека некој од нашите блиски го користи тој лек, во мојот случај тоа беше мојата девојка. Го платив тоа со едногодишна суспензија и отказ од тогашниот клуб (Армани). Антидопинг-системот е многу строг. Секој случај посебно се разгледува. Тогаш бев суспендиран на три и пол месеци додека чекав судење, а потоа дисквалификуван на една година иако судијата призна дека се работи за ненамерен внес“, вели Мораскини.

Јаник Синер беше беше позитивен на допинг-тестот во март, но беше ослободен од сите обвиненија и постапката против него беше сопрена. Италијанецот оваа сезона беше доминантен и заврши убедливо на првата позиција на АТП ранг-листата.

- Оглас -

Најнови вести