Фудбалерот на Барселона и на шпанската репрезентација, Ламин Јамал, е добитник на престижната награда „Златно момче“ (Golden Boy 2024), која се доделува секоја година на најдобриот млад играч во Европа под 21 година. Ова признание го доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“.
Јамал минатата година заврши на второто место во изборот, зад Џуд Белингам од Реал Мадрид, кој тогаш ја освои наградата.
Lamine Yamal, protagonista di una stagione straordinaria tra Barcellona e Spagna, vince il Golden Boy 2024 🔥
— Tuttosport (@tuttosport) November 27, 2024
Yamal, nell'albo d'oro, succede a Jude Bellingham.
È proprio il caso di dire, "una stella dopo l'altra"…⭐😍#Tuttosport #GoldenBoy2024 #GoldenBoyAwards #LamineYamal pic.twitter.com/knTW6RpIfM
Во 2024 година, 17-годишниот Јамал ја збогати својата кариера со триумф на Европското првенство со репрезентацијата на Шпанија, со што значително ја зацврсти својата кандидатура за наградата.
Јамал беше избран меѓу 25-те номинирани играчи, вклучувајќи ги Коби Мејно и Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, Кенан Јилдиз и Самуел Мбангула од Јувентус, како и талентираните Ендрик и Арда Ѓулер од Реал Мадрид.