Веќе се одиграа пет од планираните осум кола во групната фаза од Лигата на шампиони која за прв пат се игра во ваков формат, а забележително е дека некои од најголемите европски клубови едноставно се под нивото на кое играа во минатото во елитното друштво.
Актуелниот првак Реал Мадрид го претрпе третиот пораз во петиот дуел откако загуби на „Енфилд роуд“ од Ливерпул со 2:0. Кралскиот клуб има само шест бода со гол-разлика од девет дадени и исто толку примени гола и моментално е на 24 место. Оваа позиција на табелата е последна која води во плејофот.
За разлика од Реал Мадрид, Пари Сен Жермен е под таа „црта“. Светците имаат само четири бода од пет меча и се на 25 место на табелата во ЛШ. Во не многу поволна ситуација е и Јувентус. Најтрофејниот италијански тим има само осум бодови и е на 19 место на табелата.
Место меѓу најдобрите 15 екипи во ЛШ во моментов нема ниту за Манчестер сити кои е на 17 место и Милан кој е 16-то пласиран.
Малку чудно делува фактот дека меѓу најдобропласираните 12 екипи има три француски клуба и тоа Монако, Брест и Лил. Тука е и дебитантот во ЛШ, Астон вила која има 10 бодови и е на деветото место на табелата.
До крајот на групната фаза има уште три кола, а следните возбудувања ќе бидат на 10 и 11 декември.