Барселона сака да ја прекине низата на Реал од четири победи во Ел Класико пресметките

Вечерва и утрвечер ќе има возбудувања во 12-тото коло од кошаркарската Евролига, а дербито ќе биде во Барселона, каде што каталонскиот гигант е домаќин на вечниот ривал Реал Мадрид. Кога и да играат овие два ривали, тоа е препорака за возбудувања на теренот.

Оваа сезона двата шпански гиганти не играат според очекувањата. Барселона е на шестото место со седум победи и четири порази, а Реал е со негативен биланс од шест порази и само пет победи.

Реал Мадрид има четири победи по ред против Барселона, што значи дека Каталонците имаат дополнителен мотив да бркаат триумф, со кој ќе ја прекинат лошата низа за нив.

Во денешната понуда има и над 100 различни комбинации за плус-минус за бројот на поени, скокови или асистенции на играчите кои вечерва треба да бидат дел од евролигашките пресметки.

- Оглас -

Најнови вести