Македонија скокна две места на ФИФА листата, ривалите кои ни беа во Лига на нации се од 100 позиција па нагоре

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за две позиции на најновата ФИФА ранг лигата која е објавена денеска. Нашата селекција сега е на 67 место во светот со 1368,96 поени и ги прескокнавме селекциите на Грузија и Финска.

Напредокот на новото рангирање е благидарение на двете победи во последните два меча од Лигата на нации, кога во Скопје славевме над Летонија (1:0) и Фарски Острови (1:0).

Од селекциите кои ни беа ривали во Лигата на нации, Ерменија падна на 100 место, Фарски острови се на 137 позиција, а Летонија е на 140 место.

На врвот на светската листа нема големи промени. Светскиот првак Аргентина е лидер, а потоа следуваат Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија која ја комплетира листата од Топ 10 национални селекции.

- Оглас -

Најнови вести