Ди Марија го надмина Меси, сега атакува и на рекордот на Роналдо

Аргентинскиот ветеран Анхел ди Марија беше еден од најзаслужните за победата на Бенфика од 3:2 на гостувањето кај Монако, во петтото коло од Лигата на шампионите. Бенфика губеше со 1:0 и 2:1, но во финишот направи целосен пресврт, а Ди Марија беше творецот.

Искусниот 36-годишен Ди Марија најпрво асистираше за голот на Кабрал во 84-тата минута за 2:2, а потоа имаше додавање и за погодокот на Амдоуни во 90+1 минута, за победа од 3:2.

Со тие две асистенции, Ди Марија стигна до бројката од 41 асистенција во Лигата на шампионите, надминувајќи го неговиот пославен сонародник Лионел Меси, кој имаше 40 асистенции во елитното друштво на УЕФА.

Пред Ди Марија, на оваа листа на најдобри асистенти во ЛШ остануваат само уште Рајан Гигс и Кристијано Роналдо, кои имале по 42 асистенции за погодок. Ди Марија има шанси да стане апсолутен рекордер во оваа категорија во ЛШ, доколку успее да има уште две асистенции за погодоци на Бенфика.

Ветеранот сезонава игра одлично и во 16 средби во сите натпреварувања има биланс од осум голови и пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести