Ига Швјонтек паднала на допинг-тестот, но и таа како Синер „не е виновна“

Полската тенисерка Ига Швјонтек, која до неодамна беше најдобра на ВТА-листата, беше позитивна на допинг-тестот поради што заработи суспензија. Ова го соопшти Меѓународната заедница за интегритет (ИТИА), таа организација која претходно беше задолжена и за случајот на Јаник Синер.

Швјонтек била позитивна на забранетата супстанција триметазидин (ТМЗ). Истрагата на ITIA покажала дека причината за позитивниот наод е контаминација на стандардната медицинска терапија што ја земала тенисерката.

Поради оваа причина, слично како и кај Синер, беше донесена пресуда дека моментално втората тенисерка на планетата не е директно виновна за позитивниот наод.

Таа во своја одбрана нагласи дека не намерно го внесувала ТМЗ во своето тело. Таа објаснила како нејзиниот лекар, инаку експерт по спортска медицина и препорачал лек кој требало да ги намали негативните ефекти од џет-лаг поради постојаното патување, без таа да знае дека ја содржи споменатата забранета супстанца.

Швјонтек беше привремено суспендирана и тоа во периодот од 12 септември до 4 октомври, по што нејзината жалба била прифатена. На крајот и била изречена суспензијата од еден месец поради што пропушти три турнири.

За време на суспензијата, Швионтек своите отсуства на тие турнири ги оправдуваше со различни причини – од замор, преку лични причини, до промени во стручниот штаб.

- Оглас -

Најнови вести