Баерн цела година преговараше со него, но капитенот на Баер ќе потпише за Барселона

Капитенот на Баер Леверкузен, кој ги предводеше до историската титула минатата сезона во Бундеслигата, Џонатан Тах, следната сезона се сели во Барселона. Оваа информација ја пренесе најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, кој тврди дека работата е завршена и Тах следното лето како слободен фудбалер ќе се пресели во Каталонија.

Одличниот дефанзивец на Баер Леверкузен веќе цела година е цел на Баерн Минхен, кој се обидуваше да дојде до неговиот потпис, но се чини дека ривалството помеѓу двата клуба ќе биде одлучувачко во одлуката на Тах да си замине од Германија.

- Оглас -

Најнови вести