Херојот на Ливерпул по победата над ПСЖ: „Ова беше моја животна партија“

Голманот на Ливерпул, Алисон, е најзаслужниот за победата на Црвените над ПСЖ на гостински терен во првиот меч од осминафиналната фаза на Лигата на шампионите. ПСЖ комплетно го надигра Ливерпул, кој победи од единствениот шут што го имаше, но клучната фигура на мечот беше токму Алисон, кој правеше чуда на голот.

„Ова веројатно беше мојата животна партија. Тренерот ни кажуваше дека ќе биде тешко против ПСЖ, дека се добри со топка и дека да бидеме подготвени. Знаевме што нѐ очекува, работевме напорно. Сепак, напорот кој го вложи целата екипа само ми ја олесни работата. На крајот Елиот влезе и даде гол за победа, тоа е одлично. Одлична вечер за нас“, рече Алисон по тешката победа над ПСЖ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести