Реал Мадрид закрепна од елиминацијата во ЛШ, па со конечни 4-1 славеше на гостувањето кај Валјадолид. Иако победата е убедлива, „кралевите“ со многу мака стигнаа до трите бода, откако домаќините можеа да направат сензација во првото полувреме.
Потоа и „кралевите“ добија пенал, кој го реализираше Бензема во 51-вата минута, а Французинот осум минути подоцна зголеми на 3-1. Гостите останаа со играч помалку во последните 10 минути, Каземиро заработи два жолти картони и предвреме го заврши мечот, а Модриќ во 85-тата минута го постави конечниот резултат.
Со вкупно 16-тата победа, Реал сега има 51 бод, но и понатаму е трет на табелата со 5 бода помалку во однос на градскиот ривал Атлетико, додека Валјадолид го претрпе 13-от пораз и со 26 бода стои на 16-тото место.