Колку гола треба да даде Валјадолид против Реал за да им се важи еден?

Реал Мадрид во овие моменти гостува кај Валјадолид во мечот од 27-то коло во Ла Лига, а „кралевите“ имаа доста проблеми во првите 30 минути од средбата. Иако резултатот е 1-1, домаќините можеа да водат со 3 или 4-1 да не беше интервенсцијата на ВАР-технологијата.

Во 12-тата минута Алкараз утна пенал, а потоа играчите на Валјадолид во два наврати ја затресоа мрежата на Куртоа, меѓутоа и во двата обиди головите беа поништени поради недозволени позиции.

Третиот обид конечно донесе славење, Туани погоди за 1-0 во 29-тата минута, но само пет минути подоцна Реал израмни со погодокот на Варан.

https://www.dailymotion.com/video/x73x9b6

 

https://www.dailymotion.com/video/x73x9og

- Оглас -

Најнови вести