Раниери очекува деби-победа, но неговата Рома е десеткувана

Рома – Емполи (20:30 часот)

Клаудио Раниери има прилика со победа да дебитира на клупата на Рома, неговиот тим е фаворит во дуелот со Емполи, иако во составот ќе недостасуваат неколку клучни првотимци. Повредени се капитенот Де Роси, Пасторе, Манолас и Пелегрини, додека суспензија отслужуваат Коларов, Џеко и Фацио, па се очекува Рома да пристапи и во различна формација.

Поразот од Лацио во градското дерби и елиминацијата од Порто во ЛШ беа причината што искусниот Раниери дојде „да гаси пожар“ откако Ди Франческо доби отказ. На искусниот Италијанец во краток период му се смени судбината, од водење екипа која се бори за опстанок (Фулам), до преземање тим кој догодина сака да се најде меѓу учесниците во Лигата на шампиони.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.55)

 

Бенфика – Белененсеш (21:15 часот)

Мртва трка се води во Португалија за шампионската титула. Порто вчера победи на гости кај Фиеренсе со 2-1, сега на ред е Бенфика да освои три бода со кои ќе избие на лидерската позиција и ќе има два бода предност во однос на „змејовите“. Секако, победата не им е загарантирана на „орлите“ од Лисабон бидејќи Белененсеш е екипа која им го нанесе едниот од трите порази (2-0) кои Бенфика ги претрпе сезонава во португалскиот шампионат.

Тоа беше единствен пораз на Бенфика од оваа екипа во изминативе 12 години и нема да дозволат да доживеат нов шок, особено не пред нивни навивачи. Воедно домаќините ќе имаат шанса да ја продолжат серија на 10 последователни победи во шампионатот на Португалија.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.10)

 

Галатасарај – Анталијаспор (18 часот)

Галатасарај полека ја губи трката со Басакшехир за шампионската титула во Турција, односно сè помали им се шансите да го одбранат тронот. Со Анталија не би требало да имаат проблеми, немаа во изминативе три години, па нека продолжи така и по овој меч. Од можни 15 бода во последните пет кола, Галата освои 11, но ниту тоа не е доволно да се стигн во составот на Басакшехир, во кој се собрани голем број искусни и поранешни ѕвезди на европскиот фудбал.

Предлог тип: Т1 1+I & 1-II (1.95)

 

Фортуна Дизелдорф – Ајнтрахт Франкфурт (20:30 часот)

Ако Фортуна се плаши од некој фудбалер во Бундеслигата, тоа е Лука Јовиќ. Од него имаат кошмари, во првата освосезонска пресметка српскиот репрезентативец постигна пет гола против Фортуна во победата од 7-1 која Ајнтрахт ја оствари на домашен терен. Тој меч воедно беше вкупно петти меѓусебен дуел на овие две екипи, Ајнтрахт доби два од нив, два завршија без победник, а само еднаш тимот од Дизелдорф се радувал на победа.

Во минатото коло Фортуна ги шокираше сите кога на гости кај Шалке победи со 0-4, а приредуваа изненадувања и против Дортмунд (2-1) и Баерн (3-3). Нема да биде изненадување ако и во овој меч се постигнат три или повеќе погодоци.

Предлог тип: X2 & 2-5 (1.91)

 

Венеција – Палермо (21 часот)

Палермо верува дека оваа сезона можат да стигнат до италијанската елита, но за тоа ќе треба да победуваат во континуитет во клучниот дел од сезоната. Верона им е зад пети, додека Бреша не е далеку за да се преземе лидерската позиција, но прво треба да се оствари позитивен резултат на гости кај Венеција.

Венеција е екипа која се бори за опстанок во Серија Б, но во изминатиов период е во многу лоша форма. Четири порази и едно реми во последните пет кола, јасно е колку е ранлива, а Трајковски и Несторовски треба да го искористат сето тоа.

Предлог тип: Т2 1+ пол. (2.10)

- Оглас -

Најнови вести