Манчестер јунајтед со 3:1 го победи Саутхемптон во меч од 21-вото коло на Премиер лигата. Пред мечот, Црвените ѓаволи беа големи фаворити, но на теренот не беше така.
Саутхемптон водеше на полувреме, и тоа благодарение на автоголот на Угарте во 43-тата минута.
Последнопласираниот тим во Премиер лигата имаше предност од 1:0 до 82-рата минута, а потоа на сцена стапи феноменалниот Амад Дијало, кој постигна хет-трик. Најпрво по една среќна акција израмни на 1:1.
Се играше 90-тата минута кога Ериксен фантастично асистираше, а Амад Дијало погоди за 2:1 и делириум на „Олд Трафорд“. Во судиското надополнување повторно Дијало искористи еден кикс на гостинската одбрана и погоди за конечни 3:1.