Манчестер јунајтед се намачи, но на крајот стигна до посакуваната победа на „Олд Трафорд“ против Саутхемптон, екипата која е убедливо последна на табелата во Премиер лигата.
Домаќинот се мачеше и беше во негатива од 0:1 до 82-рата минута. Во последните 10 минути блесна Амад Дијало, кој постигна хет-трик за голема радост на фановите на „Олд Трафорд“.
Дијало со головите го „спаси“ и својот соиграч Антони да не биде трагичар на мечот. Бразилецот, за кого беа платени 90 милиони евра за трансфер од Ајакс, при негатива од 0:1 успеа да не погоди нешто што е многу потешко да се промаши. Бразилецот беше сам пред голот на 2-3 метри кога со лизгачки старт ја зафати топката, но наместо да ја вметне во празната мрежа, тој промаши цел гол.