Реал Мадрид се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија, и тоа откако по 120 минути игра ја победи Селта Виго со 5:2 на „Сантијаго Бернабеу“. По регуларните 90 минути беше 2:2, па Кралевите мораа во дополнителните 30 минути да го осигураат местото меѓу најдобрите осум во Купот.
Добро започна Реал и со головите на Мбапе во 37-мата минута и на Винисиус во 48-мата минута имаа комотна предност од 2:0. Сепак, Селта Виго не се предаде. Гостите одиграа фуриозни 10 минути во завршицата и постигнаа два гола.
Најпрво Бамба во 83-тата минута намали на 2:1, а во 90+1 минута беше досуден пенал за гостите кој го реализираше Алонсо за 2:2, што беше најава дека ќе има дополнителни 30 минути.
Во првите 15 минути од продолжението немаше погодоци, а во последниот период се случи фуриозна игра на Реал Мадрид. Младиот 18-годишен Бразилец Ендрик е творецот на победата откако погоди за 3:2 во 108-мата минута. Тогаш се распадна играта на Селта Виго, па до крајот на дуелот Кралскиот клуб постигна уште два прекрасни гола.
Валверде со шут од далечина погоди за 4:2, а потоа повторно следуваше шоу на Ендрик, кој постигна погодок со петица низ нозете на гостинскиот голман.
GOLAÇO DO ENDRICK!!! 👑⚪️
WHAT A TURN & SHOT TO GIVE REAL MADRID THE LEAD IN EXTRA TIME! 3-2! 🔥 pic.twitter.com/CK2jpUu5mv
— Ginga Bonito 🇧🇷 (@GingaBonitoHub) January 16, 2025
Потоа бомба на Валверде