Фудбалерите на Вардар одиграа контролен меч без голови, 0-0, против шампионот на Грузија, Иберија, на подготовките во Анталија. За „вардарци“ ова беше втор меч на турско тло, откако во првиот контролен дуел загубија од бугарскиот Септември Софија со 1-0.
Што се однесува до мечот против Иберија, Вардар бил подобар противник во текот на целиот меч, а најдобрите шанси за гол ги имале Босанчиќ, Талески и Омерагиќ, но мрежата на грузијците останала нечепната.
Гоце Седлоски во вториот дел извади комплетна нова постава, а противникот воопшто не го загрози голот на Вардар. Во секој случај успешна контролка за скопските „црвено-црни“ против исклучително квалитетен противник.
Следниот натпревар за Вардар на подготовките во Анталија ќе биде оној против украинскиот состав на Верес Ривне во среда.