Шкендија купи напаѓач од лутиот ривал Шкупи: Фабрис Тамба пристигна во Тетово

Сенегалскиот напаѓач Фабрис Тамба само по пет месеци минати во Шкупи, ја продолжува кариерата во редовите на Шкендија. Дваесет и четиригодишниот фудбалер пристигна во Македонија во септември минатата година од португалскиот Беира Мар, а денеска беше официјално претставен како ново засилување на тетовскиот клуб.

Тамба е флексибилен офанзивец кој може да игра како десно крило и централен напаѓач. Шкендија го доведува со надеж дека ќе внесе дополнителна ефикасност во тимот и ќе помогне во битката за врвот во Првата македонска лига.

Во досегашниот тек на сезоната, Сенегалецот одигра 12 натпревари, постигна три гола и забележа една асистенција. Неговиот премин во редовите на директниот ривал предизвика внимание во македонската фудбалска јавност, а останува да се види како ќе се снајде во новата средина.

- Оглас -

Најнови вести