Барселона потврди: Гави го продолжи договорот до 2030 година

Раководството на Барселона се пофали на социјалните мрежи со продолжувањето на договорот со Гави. 20-годишниот фудбалер ќе остане на „Камп ноу“ до 2030 година, откако претходно тоа го стори и Педри.

Гави во Барселона пристигна во 2015 година од Бетис, кога имаше само 11 години, а за него беше платена сума од само 10.000 евра. „Каталонците“ уште тогаш го препознаа неговиот талент, а тој сега им враќа со игрите на теренот, но и верноста кон каталонскиот клуб.

Фудбалерот од средниот ред за Барселона одигра 131 натпревар и постигна девет гола.

- Оглас -

Најнови вести