На денешниот пријателски натпревар во рамки на подготовките, ФК Вардар одигра 1-1 со романскиот третолигаш Униреа Алба Јулија.
Вардар настапил со резервниот состав, а стрелец на голот за Црвено-црните бил Аргентинецот Мануел Куестас.
За 5-ти февруари е закажан последниот контролен меч за Вардар на подготовките во Анталија, против вториот тим на Рапид Виена.