Легендата воодушевена од победата на Ливерпул: „Па, кога тие победиле голем натпревар?“

Ливерпул ја надомести негативата од 1-0 од првиот полуфинален меч против Тотенхен од англискиот Лига куп и на „Енфилд“ победи со убедливи 4-0. Црвените во финалето на 16 март ќе играат против Њукасл на „Вембли“ за 11-ти трофеј во ова натпреварување.

На Тотенхем оваа сезона не му оди на резултатски план, а Ливерпул синоќа беше многу подобар противник. Легендата на Црвените, Џејми Карагер, сега работи како телевизиски аналитичар, а по мечот имаше подготвен коментар за победата на Ливерпул.

„Па играа против Тотенхем. Кога тие победиле голем меч? Кого Тотенхем го изненадил на гости? Ова беше лесно“, беше коментарот на Карагер, кој сигурно нема да им се допадне на навивачите на Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести