Со игрите на голови до коефициент од 45 во Квотите на денот (Фото)

Пет натпревари со квоти помеѓу 2.00 и 2.30 се дел од понудата во Квотите на денот на Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 45.5.

Ефикасно се очекува да биде на мечот помеѓу Минстер и Хамбургер, а за да биде добитна квотата од 2.05, потребно е во првиот дел да има помеѓу еден и три гола, но и најмалку три гола на целиот натпревар.

Јувентус е во фаворитска предност на гостувањето кај Комо, па за да биде добитна квотата од 2.30, потребно е Старата дама да не загуби, но и да даде најмалку два гола.

Голови се очекуваат и на единствениот денешен меч од Ла Лига. Понудената квота од 2.10 за натпреварот помеѓу Рајо Ваљекано и Ваљадолид ќе биде добитна само ако бидат постигнати помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Ефикасна игра се очекува од фудбалерите на ПСЖ на мечот против Монако. Светците треба да постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме за да биде добитна квотата од 2.00.

Голови во двете мрежи се очекуваат на португалското дерби помеѓу Порто и Спортинг Лисабон, а квотата од 2.30 ќе биде добитна само ако освен „гол-гол“, има и барем еден гол во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести