На романски второлигаш кој должел пари, му се одземени дури 74 бодови!

Романскиот второлигаш Миовени од следната сезона ќе игра во третата лига, и ги загуби теоретските шанси за опстанок откако како казна му се одземени неверојатни 74 бодови!

Миовени во моментов после 16 кола има -66 бодови, иако на терен освоија 8 бодови, имаа по две победи и ремија, заедно со 12-те порази.

Според Романскиот фудбалски сојуз, банкротираниот клубот кој минатата сезона беше петти во втората лига, има долгови кон поранешните играчи и тренери. Казната од 74 бодови не е дадена наеднаш, туку етапно, постојано му се одземаат бодови за клубот, во последната мерка нови 16, па дојдоа до вкупен биланс од дури 74 бодови минус.

- Оглас -

Најнови вести