Нов кикс на Риека, се радуваат Хајдук и Динамо Загреб

Екипата на Истра 1961 приреди големо изненадување со победата од 1-0 на гостувањето кај Риека.

За Риека ова е втор пораз сезонава во хрватската лига, првиот го претрпе на 1-ви февруари, истотака со 0-1, тогаш од Вараждин, па сега нов лидер на табелата е сплитски Хајдук кој има еден бод повеќе од риечаните.

Во трка за титулата е и актуелниот првак Динамо Загреб кој заостанува пет бода зад првопласираниот Хајдук.

- Оглас -

Најнови вести