Валенсија победи трет пат во последни четири кола, а Димитривски остана на клупата

Некогашниот првак на Шпанија, екипата на Валенсија со 2:0 славеше на свој терен против Леганес, во меч од 23 коло на Примера дивисион. Ова беше дерби во долниот дел од табелата, а со освоените три бода Валенсија стигна до 22 бодови и се искачи на 18 место, но уште е во зоната за испаѓање. Леганес останува на 23 бодови и е една позиција пред Валенсија. Со 23 бодови се и Еспањол и Лас Палмас.

Уште во првото полувреме Валенсија ги реши сите дилеми околу победникот. Најпрво погоди Москера во 30 минута, а потоа радост за домашните фанови донесе и Дијакаби.

За Валенсија ова е трета победа во последните четири кола со што некогашниот гигант потврдува дека нема да се предаде и дека главна цел му е опстанок во елитното друштво. На клупата за резервни играчи на Валенсија остана македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, додека чувар на голот беше Мамардашвили.

- Оглас -

Најнови вести