Мечот меѓу Галатасарај и Адана Демирспор е прекинат во 30 минута при водство на домаќините од 1:0. Домаќините беа големи фаворити пред мечот и поведоа со голот на Алваро Мората кој погоди од пенал во 12 минута.
bu pozisyondan sonra adana demirspor sahadan çekildi Türkiye Sirk Ligi devam ediyor#Galatasaray #Adana
pic.twitter.com/PcK3KHBK49— BJK (@kuarejmaBJK) February 9, 2025
Мечот продолжи, а во 30 минута играчите на Адана Демирспор Семих Ѓулер и Тајфун Ајдоган ги повикаа своите соиграчи во соблекувалната по разговорот со нивниот технички директор Мустафа Алпер Авџи.
Тука мечот беше прекинат, а се верува дека гостите се револтирани од пеналот кој беше досуден во корист на Галатасарај во 12 минута по кој гигантот од Истанбул поведе со 1:0.