Барселона поведе против Севилја, а домаќините израмнија 14 секунди откако мечот продолжи (Видео)

Многу возбудливо започна дуелот на стадионот „Рамон Санчес Пискуан“, а по првите 20 минути Севилја и Барселона постигнаа по еден гол. Гостите одлично го започнаа мечот, имаа две шанси, а потоа следуваше и погодокот на Роберт Левандовски во седмата минута, за водство од 1:0.

Многу кратко траеше радоста на каталонците. Севилја само што тргна од центарот, уште во првиот напад, односно по само 14 секунди по продолжувањето на средбата, следуваше голот на Варгас за 1:1.

- Оглас -

Најнови вести