Здружението на тениски професионалци (АТП) ја објави најновата ранг-листа на најдобри во светот и нема измени на првите пет места, но за две позиции напредуваше Алекс де Минор, кој ги симна Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев за по едно место и сега Србинот е седми, а Русинот осми.
Италијанецот Јаник Синер останува лидер со 11.830 поени. Втор е Александар Зверев со 8.135, а трет Карлос Алкарас, кој има 7.510 поени.
Во топ 10 се и Тејлор Фриц, Каспер Руд, Де Минор, Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев, Томи Пол и Андреј Рубљов.