Новак Ѓоковиќ неочекувано е елиминиран во осминафиналето од Мастерс турнирот во Индијан Велс откако со 2-0 во сетови загуби од Филип Колшрајбер. Германецот за првпат по цели 10 години го победува Ѓоковиќ и сега меѓусебниот биланс е 8-2 во корист на Србинот. Искусниот Колшрајбер претходно само на Ролан Гарос во 2009 година се радувал против Ноле.
Ѓоковиќ останува на пет трофеи во Индијан Велс, а за тоа колку Србинот делуваше нервозно поради слабата игра, покажува и видеото на кое буквално со нога го скрши рекетот.