Ѓоковиќ доби лекција од 39-тиот тениер во светот

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, неочекувано е елиминиран уште во осминафиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Србинот, кој е петкратен освојувач на овој Мастерс, со 2-0 во сетови беше поразен од Германецот Филип Колшрајбер сo 6-4, 6-4, во меч кој траеше само 96 минути.

Германецот, кој има 35 години уште од почетокот на мечот покажа дека може да направи изненадување, додека Ѓоковиќ делуваше бавно. Во седмиот гем, Колшрајбер најправи брејк и потоа го доби првиот сет со 6-4, а ист беше резултатот и во вториот сет.

За разлика од Ѓоковиќ, во четвртфиналето лесно помина Роџер Федерер по победата над Вавринка од 6-4, 6-3, додека Едмунд беше подобар од Албот со 6-3, 6-3.

- Оглас -

Најнови вести