Обновена комуникацијата на помеѓу ФФМ и Синдикатот на фудбалери

Претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) Панче Ќумбев денеска имаше работна средба со новиот претседател на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ.

„Вредно е да се спомне дека после подолг период на неактивна комуникација со Фудбалската федерација, беше повторно воспоставена директна соработка од којашто треба да произлезат повеќе проекти, коишто чекаат подолго време да се реализираат. Едно од најгорливите прашања во решавањето на споровите коишто произлегуваат во фудбалското работење, беше неактивноста на Арбитражниот суд при ФФМ. Со гордост можеме да кажеме дека денес добивме потврден одговор дека следниот период ќе се започне со организација и работа на арбитражата при ФФМ, којшто процес ќе биде потмогнат како од наша страна и од Федерацијата, така и од ФИФПРО и УЕФА. Исто така беше дискутирано и за потесна соработка и на други нови проекти, коишто се надеваме дека ќе бидат реализирани, како резултат на обновена соработка со ФФМ“, објави Ќумбев.

- Оглас -

Најнови вести