Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со гол дебитираше за Торино, но новиот клуб за нашиот фудбалер на крајот загуби од Болоња со 3-2. Елиф Елмас во игра влезе во 62-рата минута и му беа потребни само три минути за да постигне мајсторски гол за водство на Торино од 1-2.
Сепак, домашните во 70-тата минута израмнија со голот на Ндоје од пенал, а Бираги со комичен автогол во 90-тата минута донесе победа за Болоња.