Бугарски фудбал: Попови дадоа благослов, а потоа хулигани му го скршија носот на делегатот (Видео)

Тешко дека натпреварот од 21-то коло на бугарскиот фудбалски шампионат меѓу Локомотив и Септември ќе го привлечеше вниманието, доколку немаше неколку необични детали.

Гостите од Софија славеа со резултат 0-1, а тоа очигледно ги налути домашните навивачи, кои во последните моменти од натпреварот влегоа на теренот и го повредија делегатот на мечот, кој поради последиците од тепањето прокрвари од носот.

Самиот почеток на натпреварот не навестуваше вакво сценарио, бидејќи започна со Божји благослов. Буквално, затоа што домаќинот ја одбележа годишнината на клубот со молитва, која на теренот пред почетокот на мечот ја изговори свештеник.

- Оглас -

Најнови вести