Прекрасен гол на Дарко Чурлинов за Јагиелонија (Видео)

Дарко Чурлинов продолжува со одличните настапи и влегува во топ-форма пред стартот на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација.

Офанзивниот играч блесна во уште еден натпревар за Јагиелонија, придонесувајќи со прекрасен погодок.

Полскиот првак славеше со 3-0 против Мотор на домашен терен, а Чурлинов беше стрелец на вториот гол.

Македонскиот репрезентативец мајсторски ја контролираше топката на работ на шеснаесетникот, се ослободи од противниците и со прецизен удар ја испрати во долниот агол на голот.

- Оглас -

Најнови вести